Франческо Гвидолин го даде своето мислење за евентуалното враќање на Златан Ибрахимовиќ во Милан.
„Неговиот квалитет не може да биде доведен во прашање и тој беше еден од најдобрите фудбалери во последните дваесет години“, изјави Гвидолин за „Кориере дела Сера“.
„Тој знае да го носи цел тим на рамената и би дал поголема важност на секој клуб во кој оди, но јас се сомневам. Годините не се малку, мора да се види дали може да го даде максимумот во физичка смисла“.