ФУДБАЛ

Балотели во јануари бега од Италија

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели е повторно во центарот на вниманието, откако неговиот тренер го избрка од тренингот.

Балотели се судри со еден од неговите соиграчи, а тренерот Фабио Гросо му наложи да го напушти тренингот и да си оди дома. Супер Марио дојде во Бреша пред почетокот на сезоната како слободен агент, но се чини дека тој нема да остане тука уште долго.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Балотели сака да ги напушти Апенините по новите расистички навреди што ги добил на натпреварот против Верона. Балотели исто така му рече на претседателот на клубот, Масим Селин дека сака да замине уште во јануари.

„La Gazzetta dello Sport“ пренесува дека интерес за Балотели веќе покажал Галатасарај, кој е подготвен да го ангажира уште во јануари. Клубовите од Кина исто така покажаа интерес, но Супер Марио веднаш изјави дека не сака да оди никаде надвор од Европа.

Балотели има договор со Бреша до летото 2022 година, а клубот се надева дека ќе направи најмалку десет милиони евра од евентуалната продажба.