Реал Мадрид го објави својот список на играчи за натпреварот против Депортиво Алавес. Францускиот тренер го врати во екипата Винисиус Јуниор. Бразилецот не беше повикан за натпреварот против ПСЖ.
Изненадување е тоа што го нема Рафаел Варана на списокот. Дефанзивецот има проблем и не е повика за овој предизвик. Зидан нема да се коцка со тоа. Брахим Дијаз и Начо исто така се надвор од составот.
