И покрај добрите настапи оваа сезона со ПСЖ, не сите се убедени од Аргентинецот во Лига 1.
Меѓу неговите критичари е и Кристоф Дугари, поранешен француски напаѓач и светски шампион во 1998 година. Поканет во студиото „RMC Sport“, Дугари рече:
„Бенедето (аргентински напаѓач на Марсеј) е вистински, успешен фудбалер. Не гледам слаби точки во него. Бев шокиран кога го видов Икарди пред Бензема за време на Реал-ПСЖ. Повеќе би сакал да го имам Бенедето во мојот состав наместо Икарди“.