Меди Бенатија признава дека сметал дека Кристијано Роналдо не е нормален, откако го виде интензитетот на работата на португалскиот напаѓач на тренинзите во Јувентус.
Бенатија, кој сега игра за Ал-Духаил во Катар, зборуваше за менталитетот на 34-годишникот и сподели сеќавање од патувањето по мечот со Аталанта.
„Се работи за патување од Бергамо. Тој и јас не игравме и заминавме во резерва, затоа што после три дена имавме уште еден натпревар“, рече поранешниот дефанзивец на Јувентус и Рома.
„Во автобусот што се враќаше, Роналдо ми рече: ‘Што ќе правиш кога ќе се вратиме?’ Му одговорив: ’23:00 часот ќе биде, ќе одам дома, зошто?’ И додаде: Дали сакаш да направиш кратка тренинг сесија со мене? Бидејќи не сум испотен од натпреварот, треба да тренирам. Не сакаш да се дружиш со мене? ‘ Морав повторно да објаснам дека не е можно затоа што сакав да одам дома, да седнам и да гледам ТВ“, продолжи тој.
„Кога пристигнавме во Торино, сите беа облечени во нормала облека, но тој носеше спортска облека, си пушти музика и отиде во теретана. Во тој момент, си реков себеси: „Овој човек не е нормален“, рече тој.