Манчестер јунајтед е казнет од Фудбалската асоцијација на Англија за реакција на нивните играчи против судијата во натпреварот против Ливерпул во недела, изречената казна е 20.000 фунти.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го опколија судијата Крег Павсон за време на натпреварот на кој загубија 2:0 на „Енфилд“, откако Вирџил Ван Дајк влезе во воздушен дуел со Давид де Геа, пренесува „Дејли експрес“.
Роберто Фирмино постигна импресивен погодок во моментите по тој инцидент, но неговиот гол беше откажан од ВАР поради судирот на Ван Дајк со голманот на Манчестер Јунајтед.
https://twitter.com/DrippyMartial/status/1218947167437705216
Де Геа беше казнет со жолт картон од судијата Павсон поради неговото однесување за време на инцидентот.
Фудбалската федерација на Англија сега презема акција против „црвените ѓаволи“, откако клубот беше прогласен за виновен за кршење на правилото на Е20(а).
„Манчестер јунајтед е казнет со 20.000 фунти откако се утврди дека тие го прекршиле правилото Е20 на англиската фудбалска федерација и ја прифатиле стандардната казна за прекршувањето“, се вели во соопштението.
„Клубот не успеа да докаже дека играчите се однесуваа правилно во текот на 26-та минута од натпреварот во Премиерлигата против Ливерпул на 19 јануари 2020 година.“