ФУДБАЛ

Клоп ги дозна најдобрите можни вести пред продолжувањето на сезоната

Навистина треба да се случи чудо Ливерпул да не ја освои титулата шампион на Англија по точно 30 години.

Ливерпул се лидери во Премиерлигата со 73 бода, дури 22 повеќе од Манчестер Сити, додека во Лигата на шампионите се судрија со Атлетико Мадрид во осмото финале.

Пред клучниот дел од сезоната што ги чека момците на „Енфилд“, Јирген Клоп дозна одлични вести дека Џејмс Милнер и Садио Мане се враќаат на тренинг.

Сенегалецот се здоби со мала повреда во 24. коло на гостувањето кај „Волците“ каде Ливерпул славеше со 2-1 и мораше да го напушти натпреварот, додека Милнер имаше полесна повреда на коленото, која успешно ја излечи.

Викендов Ливерпул ќе биде домаќин на Норвич, додека три дена подоцна ќе гостува на „Ванда Метрополитано“, стадионот каде што ја освоија титулата Европски шампион минатиот јуни.