Додека светот го обиколува веста за судбината на Манчестер Сити, за казната од исфрлањето од Лигата на шампионите, човекот кој го разоткри тоа се уште е во затвор. Хакерот Руи Пинто кој ги украл мејловите, врз основа на кои е донесена пресудата се соочува со 90 обвиненија за хакирање, саботажа и измама.
Синоќа се сетија на него, но медиумите, кои потсетија дека од март е во притвор и дека му е одбиена жалбата да се брани од слобода.
Навивачите на Борусија Дортмунд истанкаа синоќа транспарент со барање да биде ослободен, а самиот Пинто неодамна за „Шпигел“ кој ги објави мејловите, изјавил дека е свесен за последиците.
-Се плашат од она што го знам, затоа не ме пуштаат, се надеваат дека ќе го загубам здравиот разум, изјави Португалецот.