ФУДБАЛ

Дибала и неговата девојка заразени со коронавирус!

Пауло Дибала е третиот фудбалер на Јувентус кој е заразен со коронавирусот Ковид-19. Аргентинскиот напаѓач ова го потврди со објавување на Инстаграм.

Откако се прекина Серија А Дибала, тој и неговата девојка Ориана Сабатини останаа во изолација. Тој ги направи тестовите вчера, а денес дојдоа резултатите, кои се позитивни.

„Здраво на сите. Сакам да ве известам дека ги добивме резултатите од тестот Covid19. Ориана Сабатини и јас сме позитивни. За среќа, се чувствуваме одлично. Благодарам на сите за вашите пораки“, рече Дибала.

Пред Дибала, коронавирусот во Јувентус ги инфицираше Даниеле Ругани и Блез Матуиди. Аргентинецот сега чека дополнителен период на самоизолација и дискутабилно е кога ќе се врати на терените.

https://www.instagram.com/p/B-AUaXkquGH/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНО

Серија А