Челниците на Арсенал покажаа интерес да ги донесат „бисерите“ на Реал Мадрид, пренесуваат британските медиуми.
Топџиите се познати по тоа што претпочитаат помлади фудбалери, а еден од оние кои се по вкусот на Микел Артета е Цезар Гелаберт од Реал, кој сакаат да го доведат во своите редови во текот на летото.
Станува збор за 19-годишен играч од средниот ред, за кој Шпанците тврдат дека е идната sвезда, а го привлече вниманието на Артета на натпреварите во јуниорската Лига на шампиони против Тотенхем и Челзи.
Во Арсенал се надеваат дека Галаберт нема да го продолжи договорот што му истекува на крајот на сезоната и дека ќе може бесплатно да го донесат на „Емирати“, а доколку тоа се случи, тогаш ниту обештетувањето нема да биде проблем.
„Галаберт е играч по вкус на Артета“, пишуваат на Остров.
Арсенал не е единствениот во игра. Борусија Дортмунд и Лион сепак го имаат младиот фудбалер на радарот.