Набил Фекир би можел да го напушти Бетис во текот на летото.
Имено, овој Французин е на мета на Арсенал, како и неколку други клубови.
Сепак, трансферот нема да биде лесен, со оглед на тоа што неговиот клуб постави цена од 50 милиони евра.
Фекир дојде во Бетис од Лион за 20 милиони евра и 20 проценти од наредната продажба.
Настапите на Фекир за Бетис покажаа дека тој може да игра на највисоко ниво. Тој одигра 23 натпревари во Шпанија, постигнувајќи седум гола со шест асистенции.
Дали тоа ќе биде доволно за трансферот останува да се види.