Баерн Минхен не успеа да се договори за продолжување на соработката со Кингсли Коман.
Раководството на Баерн му понуди на 24-годишниот крилен напаѓач нов договор до летото 2026 година, но Коман ја одби понудата.
Францускиот фудбалер е незадоволен од финансиската понуда. Тој се надеваше на позначајно зголемување, кое Баерн не сака да му го понуди.
Платата на Коман во моментов е осум милиони евра. Тој сакаше повеќе пари, но управата на клубот не сакаше да му понуди значително зголемување и не беше постигнат договор.
Договорот на францускиот фудбалер со Баерн е обврзувачки до 2023 година. Сепак, на крајот на краиштата, лесно може да се случи тој да го напушти клубот во текот на летото, и повторно 24-годишниот фудбалер се поврзува со трансферот во Манчестер Јунајтед.
Баерн остана без Давид Алаба, кој на крајот на сезоната ќе ги напушти Баварците, поради невозможноста за договор за покачување и нов договор.
Коман е во Баерн од 2017 година, а оваа сезона има постигнато шест гола и 13 асистенции на 27 настапи.