ФУДБАЛ

„А што требаше? Го разбуди менаџерот во мене“

Ливерпул по голема драма и изведување пенали го совлада Челзи во финалето на англискиот Лига куп и го освои првиот трофеј сезонава.

Трагичар на Челзи беше голманот Кепа кој промаши пенал во 11. серија, а во продолжението влезе наместо одличниот Менди за да ја брани пенал серијата, а покрај тоа што не им одбрани ниту еден пенал на играчите на Ливерпул, неговиот катастрофален шут го реши победникот.

Сепак, првото име на Лига купот оваа сезона е 23-годишниот голман на Ливерпул, Каоимхин Хелехер.

Споменатиот голман минатата сезона беше трета опција на Јирген Клоп, оваа сезона е втор голман на црвените, а Клоп му даде можност наместо Алисон да го брани целото натпреварување во Лига купот.

По финалето Клоп даде изјава која одекна во фудбалскиот свет и покажа дека во животот треба да имаш голема човечка страна за да успееш.

„Што требаше? Во најважниот натпревар да го ставам човекот на клупа, а тој го бранеше цело натпреварување? Реков пред финалето дека ќе брани, а тој се оддолжи на феноменален начин. Во животот треба да бидеме луѓе, чесни луѓе, па дури потоа тренери и играчи. Го разбуди менаџерот во мене и му се заблагодари“, изјави Клоп.

„Црвените“ веќе во среда ги очекува меч од осминафиналето на ФА Купот на гостувањето кај Норич, а по освојувањето на Лига купот, Ливерпул е во трка за уште три трофеи сезонава, а тоа се ФА Купот, шампионатот и Лигата на шампионите.