Тами Абрахам беше заменет во 15. минута од натпреварот во кој Рома минимално ја совлада Верона.
По хаотичен удар од корнер во 13. минута, Абрахам доби удар во лице од соиграчот Џанлука Манчини.
По неколку минути прва помош на теренот при што обилно крварел, Абрахам бил заменет и пренесен во болница.
Како што потврдија од Рома, Абрахам се здобил со сериозна расекотина во пределот над окото, поради што морал да добие неколку „шевови“.
#social-embed_1
Самиот играч се огласи на социјалните мрежи и им се заблагодари на сите за пораките за поддршка и рече дека ќе биде добро.
