Страните се заинтересирани да ја продолжат соработката со потпишување на долгорочен договор.
Тами Абрахам ги започна разговорите со Челзи за нов договор, пренесува британскиот медиум „Метро спорт“.
Англискиот напаѓач има двегодишен договор, но Сините се заинтересирани да го обврзат со нов договор.
Високата плата на играчот во моментот го натера Челзи да ги разгледа другите опции.
Сепак, дури и ако Сините доведат друг напаѓач, не се очекува Абрахам да се пресели од „Стемфорд Бриџ“.
Лондон сепак може да го напушти Оливие Жируд, за кој највеќе се пишува дека ќе амине на крајот на сезоната.