ФУДБАЛ

Абрамович го напушти Челзи, а клубот веднаш јавно ги осуди настаните во Украина

Рускиот милијардер Роман Абрамович синоќа официјално објави дека ја напушта челната позиција во Челзи.

Абрамович го купи Челзи пред речиси 20 години и го направи овој клуб европски гигант, но сега се се искомплицира поради војната меѓу Русија и Украина.

 

Откако Русите ја нападнаа Украина, од Абрамович беше побарано јавно да го осуди потегот на својот пријател Владимир Путин, но тој не го стори тоа. Веднаш потоа Велика Британија му забрани да живее во оваа земја, па дури и се заканија со санкции кон Челзи.

 

Затоа синоќа Абрамович објави дека го напушта лондонскиот клуб, односно да им го препушти раководството на Челзи на своите соработници.

 

Клубот од Стемфорд Бриџ потоа експресно се огласи и официјално го осуди нападот на Русија врз Украина. Тоа не го направија додека Абрамович беше на чело на клубот, туку додека си заминуваше веднаш се огласија.

 

„Ситуацијата во Украина е ужасна и поразителна. Мислите на Челзи се со сите во Украина. Сите во клубот се молат за мир“, изјавија од Челзи.