Иако е санкциониран, Роман Абрамович се уште е видлив во светот на фудбалот.
По нападот на Русија на Украина, добар дел од средствата на Абрамович беа замрзнати, па рускиот олигарх беше принуден меѓу другото да го продаде и Челзи.
Минатата недела се споменуваше дека Абрамович го купил Гезтепе, но набрзо стигна и демантот на турскиот клуб.
Сепак, според вестите од Шпанија, Абрамович би можел да го купи таму запнатиот великан, Валенсија, која минува низ сличен период како и Челзи пред околу 20 години.
Абрамович го направи Челзи вистински гигант на светскиот фудбал, а Валенсија секако ги има сите предиспозиции за тоа.
Мигел Зорио, кој исто така сака да го купи повеќекратниот шампион на Шпанија, откри дека Русинот е заинтересиран за купување на популарните Лилјаци.
“Питер Лим се обиде да го продаде клубот во Лондон за 250 милиони и не успеа. Протече веста дека има две понуди. Моја и од руски дрвосечач од Челзи”, изјави Зорио.
По постојаните загуби, Лим интензивно бара нов клиент. Неодамна му позајми на клубот 38 милиони евра за да ја подобри финансиската состојба.
Абрамович моментално е во процес на продажба на Челзи, а рокот за доставување понуди за купување истекува на 14 април. Британската влада и самиот Абрамович брзаат да ја завршат продажбата што е можно поскоро.