На Адам Траоре му се исполни желбата да се врати во Барселона.
Шпанецот денеска пристигна во Барселона и ги мина лекарските прегледи, а се очекува да потпише и договор.
Тој дојде од Вулверхемппон на позајмица до крајот на сезоната, со можност за откуп на договор за 30 милиони евра.
Колку ќе заработи Траоре објавија и шпанските медиуми. Имено, познато е дека Тотенхем го посакувал и му понудил 120.000 евра неделно, а тој ја прифатил понудата на Барселона, каде ќе заработува 15.000 евра неделно само за да игра за клубот во кој израснал.
Според тоа, Траоре е дете на Барселона, а во Англија е од 2015 година кога од Барселона Б се пресели во Астон Вила.
По една година потпишува за Мидлсброу, а од летото 2018 година е член на Вулверхемппон и се чини дека на неговата авантура во Молине и дојде крајот.
Оваа сезона Траоре одигра 23 натпревари за Волвс и постигна еден гол.
Во меѓувреме, објавено е дека е испратена официјална позајмица на Арсенал од Барселона за Пјер-Емерик Обамејанг. Каталонците го сакаат и на позајмица, а официјална понуда испрати и Јувентус.
Оваа зима Барселона веќе го ангажираше Феран Торес (21) од Манчестер Сити за 55 милиони евра, додека одбраната ја засили Дани Алвеш (38), поранешен играч на Барса кој дојде како слободен играч. Филипе Кутињо го напушти клубот, позајмен во Астон Вила, Јусауф Демир беше вратен во виенски Рапид, Серхио Агуеро ја заврши кариерата, додека Алекс Коладо беше позајмен во Гранада.