Барселона вечерва и официјално потврди дека Адам Траоре се вратил во клубот.
Траоре се појави во дресот на Барселона и имаше неколку настапи во првиот тим, но пред неколку години реши да го напушти „Камп Ноу“ бидејќи немаше доволно простор за игра.
Во претходните сезони играше во одлична форма во дресот на Вулверхемптон, и повторно го привлече вниманието на челниците на каталонскиот клуб.
Барселона изненадувачки реши повторно да стапи во контакт со Траоре и да му понуди нова шанса во првиот тим, што овој фудбалер веднаш ја прифати. Барса и Волците експресно постигнаа договор, а вечерва е официјализирано неговото враќање на Камп Ноу.
Каталонскиот клуб потврди дека Траоре до крајот на оваа сезона ќе игра во Барселона како позајмен, а ќе има можност да го откупи неговиот договор за 30 милиони евра од Вулверхемптон.
Welcome back! Stronger than ever!#MadeInLaMasia pic.twitter.com/ZuAOCmNvrL
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 29, 2022
Адам значително си ја намали платата за да се врати во Барселона и клубот да го регистрира, што доволно покажува колку сака конечно да се покаже во дресот на клубот во кој израснал.