Адам Траоре повторно се најде во центарот на вниманието поради фотографијата што кружи на социјалните медиуми.
Фудбалерот на Вулверхемптон е познат по неговиот неверојатен изглед, а многумина велат дека тој повеќе личи на бодибилдер отколку на фудбалер. Сепак, и покрај неговиот изглед, Траоре е неверојатно брз на теренот, и тој е без сомнение еден од најдобрите играчи на Волците.
Неговиот тим беше поразен на гости против Челси со 2:0 во последното коло од Премиер лигата вчера, а поранешниот играч на Барселона ги мина сите 90 минути на теренот.
Сепак, една фотографија од вчерашниот натпревар е особено во центарот на вниманието. Се чини дека Траоре од ден на ден станува се поголем, а фотографијата од вчерашниот натпревар на „Стемфорд Бриџ“ го покажува тоа најдобро.
