ФУДБАЛ

Адам Траоре во јануари го менува клубот, а Волверхемптон ќе заработи богатство?

Адам Траоре деновиве беше во центарот на вниманието на англиската јавност за неговите одлични настапи во дресот на Волверхемптон.

Траоре неодамна одигра брилијантен натпревар против Манчестер Сити, со што го привлече вниманието кон себе. Секако, тоа е и затоа што неговото тело изгледа неверојатно, но сепак тој е исклучително брз на теренот и е одличен со топката.

Англиските медиуми пренесуваат дека 23-годишникот го привлече вниманието на неколку клубови, при што Манчестер Сити и Ливерпул се најистакнати.

Овие клубови покажаа желба да го доведат Траоре во своите редови, а во Вулверхемптон го тријат рацете, бидејќи се свесни дека скоро сигурно ќе заработат огромни пари, доколку решат да го продадат поранешниот играч на Барселона.

Наводно, Сити е подготвен да плати дури 85 милиони евра за Траоре и се обидува да го доведе во јануари. Ливерпул не нуди толку пари и повеќе е „загреан“ за Траоре на „Енфилд“ на крајот од оваа сезона.

Вулверхемптон би заработил огромни пари од евентуалната продажба на Сити бидејќи во летото 2018 година го донеле од Мидлсборо за 20 милиони евра.