Адидас ја претстави топката со која ќе се и игра финалето на Лигата на шампионите

Written by

in

Германската компанија за спортска опрема, Адидас, денес ја претстави официјалната топка за мечот за финалето на Лигата на шампионите. На топката зборот „мир“ е напишан на руски и на англиски јазик.

Топката која содржи глобална порака за мир, нема да биде достапна во малопродажба. Наместо тоа, топката од финалето ќе биде продадена на аукција по натпреварот, а приходите ќе бидат наменети за УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, за да помогне во заштитата на луѓето кои се принудени да ги напуштат своите домови поради конфликти и прогон.

Финалето од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид ќе се одигра на 28 мај во Париз на „Стад де Франс“. Почетокот е во 21 часот.