Африканскиот циркус во Камерун продолжува.
Натпреварот од Купот на Африканските нации меѓу Мавританија и Гамбија доцнеше 40 минути поради скандалот околу натпреварот Мали – Тунис, но тоа не е крајот.
Пред почетокот на мечот во Лимбеу, домаќинот ја пропушти химната на Мавританија.
Прво свиреше композиција која воопшто не е химна, а потоа ја пуштија химната на погрешна држава.
https://streamable.com/rnvg17
Неверојатен скандал во Камерун каде организаторите очигледно го загубија компасот, а ова првенство станува се поинтересно, но поради некои други работи кои немаат врска со фудбалот.
Фудбалерите на Мавританија стоеја во центарот на теренот и чекаа да се интонира химната, но домаќинот не успеа да ја најде химната на Мавританија на разгласот и се слушаше само химната на нивните противници на репрезентацијата на Гамбија.