Нов скандал го тресе италијанскиот фудбал, бидејќи изминатите неколку дена се појавија докази за нелегално обложување на тројца фудбалери.
Станува збор за Сандро Тонали, Николо Заниоло и Николо Фаџоли. Тонали призна дека долго време игра покер и дека е зависен од коцкање и дека се обидува да го реши овој проблем, а истото го потврди агентот на Фаџоли за својот клиент.
„Тој е зависник од коцкање, а тоа е проблем кој се појави одамна, кога тој не беше наш клиент. И покрај тоа, не сакавме да го оставиме на мира и се обидовме да му помогнеме на секој начин. Морам да кажам дека се однесува примерно откако потпиша за нашата агенција“, изјави агентот на играчот на Јувентус.
Италијанските медиуми посочуваат и дека Фаџоли во овој случај соработува со обвинителот.