ФУДБАЛ

Агентот на Бернардески призна дека разговарал само со еден клуб

Федерико Бернардески пристигна пред три години како глемо засилување во Јувентус, но сепак не успеа да ги исполни очекувањата.

Јувентус одвои 40 милиони евра за Бернардески, кој пристигна од Фиорентина како големо засилување. Сепак, многумина веруваат дека овој 26-годишен офанзивен играч сè уште не го оправдал сето она што се очекува од него во Јувентус.

Веќе некое време се шпекулира дека Бернардески ќе ја напушти Старата дама на крајот на сезоната затоа што не е задоволен од минутажата што ја има во тимот на италијанскиот шампион.

Во минатото имаше многу шпекулации дека Бернардески сакаат да го донесат неколку европски клубови, од кои повеќето се поврзани со преселбата во Барселона, како дел од трансферот на Иван Ракитиќ или Артур.

Неговиот агент Бепе Бозо изјави дека Бернардески е фокусиран само на останувањето во Јувентус, но призна дека разговарале со претставниците на Барселона.

„Не сме се сретнале со ниту еден директор на други клубови. Единствената работа што се случи е тоа што разговаравме со Барселона, но само за некои идеи за размена на играчи и ништо повеќе. Федерико го нервираат сите тие гласини за заминување, бидејќи во тоа нема вистина“, рече Бозо.