ФУДБАЛ

Агентот на Лукаку: Интер сериозно работи на неговиот трансфер

Интер сериозно го сака Ромелу Лукаку во своите редови, и прави сé за да го доведе белгискиот напаѓач.

Новиот менаџер на Интер, Антонио Конте има желба да го предводи својот напад со Един Џеко и Ромелу Лукаку, кој исто така е подготвен да го напушти Манчестер Јунајтед.

Наводно, Интер и Лукаку веќе постигнале договор, а англискиот клуб бара 75 милиони фунти.

Лукаку треба да потпише договор со Интер на пет години и да заработува девет милиони фунти годишно. Истата сума пари ќе ја заработува доколку остане во Јунајтед поради намалување на палатите на сите играчи откако клубот не се квалификуваше за Лигата на шампионите.

И менаџерот на Лукаку е убеден дека неговиот играч може да потпише за Интер, и им изјави на новинарите дека „Интер сериозно работи на неговиот трансфер“.