ФУДБАЛ

Агентот на Роналдо носи уште еден Португалец во Торино

Познатиот агент Хорхе Мендес во јануари може да заврши уште една добра работа за Јувентус.

Човекот кој стана познат во целиот свет како агент на Кристијано Роналдо, исто така, работи и со голем број други играчи, вклучувајќи го и Рубен Невес, млад играч од средниот ред.

Овој 21-годишен фудбалер одлично игра во Вулверхемптон. Одличните настапи го привлекоа вниманието на Јувентус, што Невес со задоволство ќе го донесе во своите редови веќе во јануари.

Мендес, наводно, веќе е контактиран. Јувентус ќе се обиде да го доведе овој талентиран португалски играч кој играше 54 натпревари од неговото пристигнување во Вулвс минатата година и постигна шест гола.

Невес пред Вулверхемптон го носеше дресот на Порто во кој ги помина сите младински категории.