Фудбалерот на Арсенал, Лукас Тореира би можел да се врати во Серија А.
Уругваецот дојде на „Емирати“ во 2018 година од Сампдорија, тој во меѓувреме стана дел од првиот тим, но тој сепак може да замине ова лето.
Наполи и Милан се споменуваат како потенцијални купувачи, а неговиот агент Пабло Бентакур потврди за „Тутумеркатовеб“ дека враќањето на Апенините би можело да се случи многу лесно.
„Мора да имаме разговори со Арсенал. Желбата на Лукас е да се врати во Италија, иако мора да се признае дека Арсенал многу добро се однесувал кон него“, вели Бентакур.
Покрај Сампдорија во Италија, Тореира играше и за Пескара.