Агентот на Маријано Дијаз, Аранда Кабријан, призна дека неговиот клиент ќе замине за време на јануарскиот рок.
Напаѓачот не играше оваа сезона и дресот со број седум му го препушти на Азар.
Кабријан изјави дека напаѓачот ќе замине во зимскиот термин.
„Маријано ќе биде на позајмица две сезони, но не знаеме во кој клуб. Можеби во Рома“, рече тој.
Реал е на второто место со 25 бода исто колку и прво пласираната Барселона.