Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро зборуваше за неговите шанси заедно со Манчестер Сити да ја освои ЛШ.
Агуеро верува дека Сити може да ја освои ЛШ, но мора прво да го мине Реал Мадрид во 1/8 финале.
„Мислам дека неуспесите во изминатите неколку години станаа лекција за нас. Мора да го запомниме тој Манчестер Сити, не учествуваше на овој турнир до 2011 година. Сега нашиот тим е еден од фаворитите за трофејот. Секоја година добиваме поголемо искуство и учиме повеќе.” рече Агуеро, додавајќи:
„Секако, јас би бил многу среќен ако ја освоиме Лигата на шампионите оваа сезона. Се надевам дека мојот сон ќе се оствари, но претстоиме многу тешко време”.
Натпреварот Реал Мадрид – Манчестер Сити се игра денес со почеток во 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“.