Серхио Агуеро е секако еден од најдобрите напаѓачи на 21 век.
Агуеро беше принуден прерано да се збогува поради проблеми со срцето. Одеднаш преку ноќ се прости од фудбалот кога имаше неполни 34 години.
Поголемиот дел од кариерата го мина во Манчестер Сити, додека во Европа настапуваше и за Атлетико Мадрид. Неговата последна станица беше Барселона.
Популарниот Кун пред неколку дена одговори на прашањето на навивачите, а едно беше кој е најдобриот дефанзивец против кој играл.
Аргентинецот ги наброја првите пет, а интересно е што на прво место го стави Џон Тери, што за многумина е вистинско изненадување.
„Џон Тери, Вирџил ван Дајк, Серхио Рамос, Чарлс Пујол и Рио Фердинанд“, напиша Агуеро во својот одговор.
Агуер е јасно запаметен по големата борба што ја имаше со Тери во првите сезони во англиската Премиер лига.
Еден од навивачите го праша дали размислува да се врати на теренот, а Агуеро искрено призна дека во моментов не може ниту да истрча како што треба.
“Сега кога се обидувам да играм фудбал, многу брзо останувам без здив. Понекогаш се прашувам дали некогаш повторно ќе можам да спринтам. Едноставно чувствувам дека срцето не ми работи како што треба”, изјави Агуеро.