На крајот на сезоната, легендарниот напаѓач на овој клуб, Серхио Агуеро, ќе ги напушти редовите на Манчестер Сити.
Договорот на Агуеро со Сити истекува на крајот на сезоната, а клубот неодамна потврди дека нема да биде потпишан нов, што значи дека овој одличен Аргентинец е во потрага по нов клуб.
Агуеро е поврзан со голем број клубови, наводно нема недостаток на понуди, но тој сака да остане во Англија.
Според „Телеграф“, 32-годишниот напаѓач во моментов размислува за Тотенхем и Челзи, клубови кои би сакале да го видат во своите редови.
Очигледно, Агуеро е подготвен да се пресели во клуб кој нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона поради желбата да остане во Англија.
Да потсетиме, Агуеро одигра 384 натпревари за Сити и постигна 257 голови и учествуваше во најголемите достигнувања на овој клуб во историјата, па затоа тој засекогаш ќе остане легенда.