ФУДБАЛ

Агуеро го избра идеалниот тим на Аргентина од пет фудбалери, но не го наведе Марадона

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро не го вклучи Диего Марадона во тим составен од најдобрите пет играчи на Аргентина од сите времиња по позиција.

Напаѓачот на Манчестер Сити одлучи екипата да изгледа вака:

Голман: Херман Бургос

Дефанзивец: Оскар Ругери

Офанзивни играчи: Лионел Меси, Карлос Тевез, Хуан Роман Рикелме.

Агуеро беше оженет со ќерката на Диего Марадона и парот се разведе пред скоро седум години.

Агуеро беше член на националниот тим за време на Мундијалот во Јужна Африка во 2010 година кога Марадона ја водеше, но не играше многу.

Легендата на Манчестер Сити моментно седи дома чекајќи дозвола да се врати на тренинзите и вестите за продолжението на Премиер лигата. Сити се втори на табелата со над 20 бода помалку од Ливерпул, додека во Лигата на шампионите очекуваат реванш од осмина финалето против Реал Мадрид. Во првиот натпревар беше 1:2 на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига