ФУДБАЛ

Агуеро го напушта Манчестер Сити на крајот на сезоната, посакуван е од двајца великани

Барселона е во потрага по напаѓач, а според англиските медиуми, го нашле во Манчестер Сити.

Станува збор за Серхио Агуеро, чиј договор со овој тим истекува на крајот на сезоната, а тој веќе може да преговара со клубовите за потпишување на договорот.

Манчестер Сити сè уште не му понудил нов договор, а сето тоа е во прилог на Барселона, која сака да го донесе овој напаѓач.

Сепак, не само Барселона е заинтересирана за неговите услуги. Имено, новиот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино сака да го донесе во неговиот тим.

Гвардиола се надева дека ќе може да најде заеднички јазик со Агуеро, и да го убеди да остане во клубот.