Манчестер Сити би можел да се најде во голема неволја пред следната сезона, а причината е Серхио Агуеро и Лерој Сане.
Според „Sky Sports“, двајцата играчи се на излезната врата од Манчестер Сити, а неколку клубови го следат развојот на ситуацијата со цел да ги испратат своите понуди.
Кога станува збор за Серхио Агуеро, најзаинтересиран е тимот на Интер, кој наводно се договорил со Агуеро, и само чека да си замине Лаутаро Мартинез.
Мартинез треба да отпатува за Барселона во следниот трансфер период, а негова замена во Интер ќе биде искусниот Аргентинец, Серхио Агуеро.
Од друга страна, Лерој Сане веќе подолго време се поврзува со Баерн, а наводно сè е веќе готово, па ние само чекаме на моментот кога трансферот ќе биде официјално потврден.