Серхио Агуеро по десет години го напушта Манчестер Сити.
Граѓаните потврдија дека Аргентинецот ќе го напушти клубот по истекот на неговиот договор, а тој веќе поврзува со големи имиља за неговиот нов клуб.
Засега, двата клуба се издвојуваат пред другите. Тоа се Барселона и ПСЖ, а на оваа тема проговори познатиот мајстор за трансфери Џанлука Ди Марцио.
Италијанскиот новинар тврди дека постои интерес и од двата тима, но дека Барселона размислува за некој помлад и поевтин пред Агуеро.
„Агуеро е во контакт со Барселона. Неговото доведување е предмет на разгледување, а играчот би сакал да замине на Камп Ноу. Сепак, има два проблеми. Тој не е прв избор за управата на Барса, бидејќи тие претпочитаат помлад напаѓач, и фактот дека неговата плата е многу висока“, рече Ди Марицио додавајќи:
„ПСЖ е многу, многу заинтересиран за Агуеро“, додаде тој.
Агуеро одигра 384 натпревари за Сити и постигна 257 голови и учествуваше во најголемите достигнувања на овој клуб во историјата, така што засекогаш ќе остане легенда.