Долго време Кун Агуеро не играше откако дојде во Барселона. Сето тоа поради повреда. Но, не помина долго, откако се опорави, мора повторно да паузира. Се чини дека сега проблемот е посериозен. Имено, тој на мечот со Алавес имаше проблеми со дишењето, беше заменет од игра, префрлен во болница, а му беше откриено дека има проблеми со срцето.
Поради тоа, тој ќе отсуствува најмалку 3-4 месеци, што секако е долг период, а прашање е дали ќе може во иднина да игра врвен фудбал во најдобра форма.
Тој деновиве се огласи прв пат од болничкиот кревет:
„Јас сум добар и со позитивен дух го чекам опоравувањето. Сакам на сите да им се заблагодарам за пораките на поддршка, кои го направија моето срце посилно“– порача Аргентинецот.