Серхио Агуеро денес и официјално стана новиот играч на Барселона.
Како што беше најавено, штом заврши последниот натпревар во сезоната со Сити (финалето од Лигата на шампиони), Аргентинецот тргна кон Барселона. Тој потпиша за Каталонците како слободен агент и денес беше претставен на Камп Ноу. Тој позираше пред фотографите во друштво на неговата сопруга.
„Сите знаеме дека Барса е најдобриот клуб во светот. Затоа мислам дека донесов одлична одлука да дојдам тука и се надевам дека ќе му помогнам на тимот. Секако, ова е чекор напред во мојата кариера. Среќен сум и се надевам ќе освоиме трофеи“, рече Агуеро.
„Сакам да упатам големи прегратки на сите фанови. Ќе се обидам да дадам се од себе и се надевам дека навивачите ќе уживаат во моите фудбалски вештини“, додаде тој.
Тој потпиша двегодишен договор.
View this post on Instagram