ФУДБАЛ

Ајакс постигна двоцифрен број на погодоци и го сруши рекордот

Ајакс славеше вечерва во Венло со неверојатни 13:0 против истоимениот домашен тим.

Доминацијата на Ајакс во Холандија трае веќе многу години, но постигнувајќи 13 гола на гостински терен, е навистина премногу, но гостите од Амстердам вечерва немаа милост кон беспомошниот домаќин.

Во исто време, оваа победа е рекордна кога станува збор за историјата на Ередивизие и Ајакс, но секако ова не е изненадувачки.

Ласина Траоре беше најефикасен, бидејќи постигна пет погодоци, по два Хунтелар и Екеленкамп, по еден Мартинез, Антони, Блинд …

Ајакс е лидер со 15 поени и по шест кола има пет победи и еден пораз, додека Венло е 10-ти со пет бода, но по овој ден, многу играчи на овој тим ќе имаат желба да го поминат времето што побрзо.