ФУДБАЛ

Ајнтрахт го доведе дефанзивецот на Јувентус на позајмица

Ајнтрахт Франкфурт го донесе на позајмица дефанзивецот на Јувентус, Лука Пелегрини.

Договорот со 23-годишниот фудбалер е потпишан на една година, соопштува сајтот на бундеслигашот.

Пелегрини минатата сезона одигра 21 натпревар за Јувентус во сите натпреварувања, 18 во Серија А (15 како стартер).

Пелегрини е роден во Рим, каде ја започна својата професионална кариера во тимот на Рома. Подоцна играше како позајмен за Каљари и Џенова. Тој е член на Јувентус од 2019 година.

Интересно е што одигра вкупно 69 натпревари во Серија А, но сепак не постигна ниту еден гол.

Ги помина сите јуниорски селекции на италијанската репрезентација, одигра и еден натпревар со Азура А селекцијата.

Претходно беше најавено дека Италијанецот би можел да биде дел од договорот за трансфер на Филип Костиќ во Јувентус.

ПОВРЗАНО

Серија АБундеслига