Голманот на ЦСКА Москва за првпат откако брани за рускиот тим во Лигата на шампионите успеа да одигра натпревар на кој не прими гол и тоа во дуелот со Бенфика ккој заврши со победа на „црвеноармејците“ од 2-0.
Акинфеев досега на 42 средби примаше најмалку по еден гол. Во дресот на ЦСКА дебитирал на 16 години и има вкупно 522 средби.