ФУДБАЛ

Ако Евро 2020 се одложи, губат 300 милиони евра

УЕФА конечно ќе одлучи во вторник дали ќе го одложи Европското првенство во фудбал за наредната година.

Се зголемува можноста за одложување на Евро 2020.

Според италијанскиот весник „Ла Газета дело Спорт“, најдобро и наједноставно решение е да се одложи овој спортски настан за 2021 година, иако се планира да се одржат натпреварите во Лигата на нации следната година, квалификациите за Светското, Евро У-21 во јули, Европско за жени.

Во сето ова, за кое се очекува конечно да се реши во вторник, преместувањето на Европското за следната година би имала огромна цена, бидејќи тие би изгубиле до 300 милиони евра.

Еуро 2020 е во вредност од околу 2,5 милијарди евра, од кои по 370 милиони им се даваат на националните тимови, и по 200 милиони на клубовите.

Со одложување на Европското првенство ќе има минимум 15 проценти загуба за секого.

Конечната одлука ќе ја донесе УЕФА следната недела.