Килијан Мбапе е главната цел на Реал Мадрид.
Кралевите во минатото се обидуваа да ја донесат француската sвезда во своите редови, но понудите од 200 милиони евра беа залудни бидејќи ПСЖ ги одби.
Сепак, се очекува Мбапе да потпише за Реал Мадрид следното лето како слободен играч. Тоа е негов сон и сака да биде нов предводник на кралскиот клуб.
Затоа, Мбапе не би сакал Реал да го доведе во своите редови норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, кој исто така се поврзува со неговото доаѓање во Мадрид.
https://twitter.com/RMadridEngineer/status/1432802022290563081
Мбапе и Халанд не се сакаат многу, а Французинот наводно рекол да не сметаат на него во Мадрид доколку сакаат да го доведат и Халанд.
„Мбапе го предупреди Реал Мадрид да заборави на него ако го донесе Ерлинг Халанд“, тврди шпанскиот новинар Алберт Лесан.
Mbappe advierte al Real Madrid que si fichan a Haaland, que no cuenten con él. (@albertlesan)
— Maria Garrido (@mariagarridos) September 2, 2021
Цената на Халанд следното лето е 70 милиони евра. Реал со задоволство би ја платил таа бројка, но со евентуални проблеми околу Мбапе и неговиот ангажман, многу е можно на крајот да се откажат од норвешкиот напаѓач.