Екипата на Барселона направи големи промени во тимот ова лето.
Играчи на каталонскиот клуб веќе не се двете најплатени sвезди Лионел Меси и Антоан Гризман, а наместо Гризман, синоќа беше донесен многу поевтина опција Лук де Јонг.
За новинарот на каталонскиот весник Спорт Алберт Рож, заминувањето на Гризман и доведувањето на Де Јонг има многу јасна цел, а тоа е доаѓањето на Ерлинг Халанд.
“Ако го пуштија Гризман да замине во Атлетико и го заменат со поевтина опција, Лук де Јонг, единственото нешто што ми паѓа на памет е дека Барселона следното лето ќе замине за Халанд. Не можам да најдам друго објаснување”, изјави Рож.
View this post on Instagram
Халанд има клаузула за отштета од 70 милиони евра за напуштање на Борусија следното лето, но Барселона ќе мора да потроши многу повеќе пари за плата на фудбалерот и неговиот агент Мино Раиола.
Контроверзниот агент бара од Халанд нереална плата од 50 милиони евра, додека има намера да земе 40 милиони евра за неговите брокерски услуги.
View this post on Instagram
Раиола и таткото на фудбалерот на Борусија Алф-Инг Халанд веќе започнаа преговори со заинтересираните страни. Нивната прва станица беше Барселона, а преговорите се уште беа во тек со Реал, Манчестер Сити, Челзи…
Нема сомнение дека одличниот норвешки напаѓач ќе биде главна sвезда на летниот преоден рок во 2022 година и ќе видиме дали навистина ќе биде новата надеж на Барселона.