Италијанските медиуми објавија дека Аркадиуш Милик би можел да го засили Милан на крајот на сезоната.
Полскиот напаѓач уште од летото 2016 година се води како играч на Наполи, но се повеќе е сигурно дека оваа сезона (кога и како и да заврши) ќе биде негова последна на стадионот „Сан Паоло“.
Милик не успеа да се согласи со раководството на Наполи за да ја продолжи соработката и реши да ја смени околината, а следната дестинација би можело да биде Милан.
Ова е објавено од италијанските медиуми, според кои челниците на клубот од „Сан Сиро“ го означиле Милик како „опција број еден“ во случај Златан Ибрахимовиќ да го напушти клубот на крајот на сезоната.
„Росонерите се подготвени да му ветат на Милик место во првите 11 за да го привлече да дојде“, се наведува.
Од друга страна, Италијанците се убедени дека Ибрахимовиќ скоро сигурно ќе ги спакува куферите. Наводно, идниот тренер Ралф Рањик не го сака во својот тим, бидејки тој избира помлади играчи за соработка …
Што се однесува до Милик, и Интерпокажа интерес за него.