ФУДБАЛ

„Ако Интер не промени одредени детали, преговорите за размена ќе пропаднат“

Интер и Рома сè уште немаат договор за размена на играчи во кој би учествувале Един Џеко и Алексис Санчез.

Фабрицио Романо објави дека сеуште не е постигнат договор меѓу двата клуба и дека целата работа ќе пропадне доколку Интер не смени одредени детали во договорот во следните часови.

Според извештаите, постои даночна разлика помеѓу платите на напаѓачите од три милиони евра и ова е еден од проблемите што ја попречуваат зделката.

Веројатно ќе ја дознаеме судбината на трансферот на Един Џеко во Интер до вечерва и ќе видиме дали сè ќе биде решено или напаѓачот на крајот повторно ќе остане во Рома.

Да потсетиме, Един беше на чекор од преселба во Јувентус во летниот преоден рок, но сè се распадна во последен момент, па торинскиот тим го купи Алваро Мората.