ФУДБАЛ

„Ако Ливерпул не стане шампион, тоа ќе биде фарса, тие беа…“

За поранешниот тренер на Тотенхем, Хари Реднап, но постои причина сезоната да не биде завршена, за него големит број на натпревари не претставува проблем.

„Понекогаш сме премногу нежни кон играчите. Велиме: „Не можат да играат толку многу натпревари. Тие можат. Овие момци се во форма. Во секој случај, тие повеќе би сакале да играат отколку да тренираат. Не гледам проблем во големиот број натпревари. Јас би сакал сезоната да се реши на терен. Ако Ливерпул не стане шампион, тоа ќе биде фарса, без разлика за кого навивате. Тие беа неверојатни“, изјави Реднап.

Ливерпул е лидер во Премиерлигата со 25 бодови предност во однос на второпласираниот Манчестер Сити.