Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и француски репрезентативец Патрис Евра проговори за поранешните соиграчи Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Споредувајќи ги двата асови, Евра изјави дека Меси денеска би имал двојно повеќе Златни топки доколку ја има работната етика како Кристијано Роналдо.
„Сакам да објаснам зошто секогаш кога ме прашуваат за тие двајца, кревам рака за Кристијано Роналдо. Не затоа што ни е брат, туку затоа што сум заљубен во неговата работна етика. Господ му дал талент на Меси, а Кристијано мораше да работи за се што постигна во кариерата. „Роналдо е исто така талентиран, но мораше да работи многу на себе за да се подобри“, изјави Патрис Евра додека гостуваше во шоуто на поранешниот соиграч Рио Фердинанд и додаде:
„Доколку Меси ја имаше истата работна етика како Кристијано Роналдо, тој веројатно би имал околу 15 „Златни топки“ денес“.
Лео Меси неодамна беше избран од ФИФА за најдобар играч во 2022 година, откако со Аргентина го освои Светското првенство во Катар.
Кристијано Роналдо , сопственикот на пет Златни топки, во истиот период го раскина договорот со Манчестер Јунајтед и кариерата ја продолжи во Саудиска Арабија.


