Манчестер Сити во претходните две сезони со рекорден број на бодови ги освојуваше титулите во Премиер лигата. Прво со „стотка“, а потоа со 98. Но, сега Пеп Гвардиола и сопствениците ги интересира пехарот во ЛШ, особено ако се знае дека заостануваат многу зад Ливерпул.
Следниот противник во етлиното клупско натпреварување на Манчестер Сити е Реал Мадрид.
Гвардиола со изјава која крена прашина:
-Ако не го поминеме Реал Мадрид, претседателот или спортскиот директор би можеле да дојдат и да ми кажат како сето она што сме го направиле не е доволно, бидејќи ја сакаат Лигата на шампионите, и дека поради тоа ќе ме сменат, изјави Гвардиола.