Натпреварот од 6. коло на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Башакшехир беше прекинат по околу 20 минути бидејќи четвртиот судија Себастијан Колтеску имаше расистички зборови.
Романецот го нарече помошникот тренер Пјер Вебо „негро“ на клупата за гости, односно црнец, по што играта беше прекината, а гостите жестоко протестираа.
Најжесток беше Демба Ба, кој побара од главниот судија Овидиу Хатеган објаснувања за постапките на неговиот помошник.
Поранешниот репрезентативец на Англија, Мика Ричардс, сепак тврди дека не би се навредил доколку некој го нарече црнец и дека реакциите на Дема Ба и Пјер Вебо се претерани.
“Ако некој влезе во оваа просторија сега и ми каже “тој црнец”, не би го сметал за навреда, туку за опис. Ако е точно тоа што се зборува за инцидентот вечерва, тогаш мислам дека реакцијата на Пјер Вебо и Демба Ба е малку претерана. Треба да се почека целосен извештај, можеби има нешто што уште не го знаеме “, рече Ричардс.
Продолжението на натпреварот ПСЖ-Башакшехир е закажано за денес во 18:55 часот.